Go to the page content

Вашиот мозок е управувач којшто ви ја контролира телесната тежина

Многу луѓе веруваат дека постои едноставно објаснување за причината поради која живеат со дебелината, a тоа е дека јадат повеќе отколку што им е потребно. Но, во реалноста, начинот на животот е само една од многуте причини поради кои нашето тело ги натрупува и задржува вишокот килограми. Мадс Танг-Кристенсен, раководител на истражувањата за дебелина во Ново Нордиск, објаснува зошто некои од главните причини што доведуваат до дебелина се надвор од наша контрола и што можеме да направиме во однос на тоа.

Денес повеќе од кога и да е луѓе во целиот свет живеат со дебелина. Многумина се мачат да ослабат, а оние кои пак успеале откриваат дека често им се случува да ја вратат почетната телесна тежина за неколку недели и покрај тоа што се физички активни и бројат калории.

За да разбереме што ги отежнува намалувањето на телесната тежина и одржувањето на посакуваната телесна тежина, треба да погледнеме кон медицинската наука. Испитувањата и понатаму покажуваат дека дебелината не е карактерен недостаток. Всушност, дебелината е сложена метаболна болест и, како кај која било друга болест, можностите што може да се постигнат само со промена на начинот на животот се ограничени, вели Мадс Танг-Кристенсен.   

Двоен експерт

Кога станува збор за справување со вишокот килограми, Мадс Танг-Кристенсен е двоен експерт. Како корпоративен потпретседател за истражување на дебелината во Ново Нордиск, тој и неговиот тим речиси две децении прават истражувања во оваа област. Покрај тоа, тој живее со дебелината, па затоа не се стреми само кон научни достигнувања, туку сака и што поголем број луѓе да разберат колку е сложена дебелината. 

„Иако нашето опкружување е драматично променето, нашата генетска склоност кон високоенергетска храна во голема мера останала иста.“

-Mads Tang-Christensen, Corporate Vice President of Obesity Research, Novo Nordisk

Живеењето со дебелина може да влијае на многу аспекти од животот, здравјето и благосостојбата на луѓето. Сè повеќе луѓе во светот живеат со вишок килограми, но само мал дел од нив во моментот примаат терапија. Според Мадс Танг-Кристенсен, тоа се должи на фактот дека причините за дебелината се сè уште недоволно разбрани и често се даваат многу едноставни совети како на пример: „Јади помалку и движи се повеќе“

„Можеби изгледа прилично едноставно да се објасни дека ако внесуваме повеќе калории отколку што ни треба, се здебелуваме. Но, всушност, проблемот е многу посложен. Се чини дека нашето тело е научено да се потпира на вишокот килограми, веројатно затоа што илјадници години тоа било основен механизам за преживување”.

Начинот на којшто функционирал мозокот кај луѓето во камено време пресликан во современиот свет

Во каменото време (пред 50 000 години) изворите на храна биле несигурни, со периоди кога имало храна во изобилие и периоди на глад. Нашите предци имале поголема веројатност да преживеат ако нивното тело добро складирало енергија во форма на масно ткиво во периодот кога имало храна во изобилие. Поради тоа мозокот им еволуирал и се развивал да бара вкусна и високоенергетска храна којашто телото лесно ќе ја складира како масно ткиво.

Денес насекаде околу нас има многу вкусна храна и пијалаци до кои имаме лесен пристап. Исто така сме и помалку физички активни во споредба со нашите предци во каменото време. Но, иако нашето опкружување е драматично променето, нашата генетска склоност кон високоенергетска храна во голема мера останала иста.

„Природната склоност калориите да се складираат во облик на масти, во комбинација со средина која го олеснува прекумерниот внес на калории, не е изненадувачки што доведува до зголемување на бројот на луѓе во целиот свет кои живеат со вишок килограми“, вели Мадс Танг-Кристенсен. Неусогласеноста меѓу нашите гени и нашата околина е еден од проблемите, вели тој.

Телото има начини како да го спречи намалувањето на телесната тежина

Дополнителен предизвик кога станува збор за справување со дебелината е тоа што нашето тело активно нè заштитува од намалување на телесната тежина. Но, иако тоа било ефективно за преживување на нашите предци, во денешно време тоа го прави тешко намалувањето на телесната тежина и одржувањето на посакуваната тежина подолг временски период.

„Се чини дека човечкото тело е програмирано да ги складира дополнителните калории што ги внесуваме, можеби затоа што тоа било основен механизам за преживување илјадници години“.

-Mads Tang-Christensen, Corporate Vice President of Obesity Research, Novo Nordisk

Мадс Танг-Кристенсен објаснува дека телото го активира заштитниот механизам кога ќе насети намалување на телесната тежина. Поради тоа луѓето се чувствуваат погладни и помалку задоволни по оброкот, што може да ги наведе да јадат повеќе. Затоа, телото користи и помалку енергија.

„Поради тоа луѓето често ја враќаат изгубената телесна тежина по неколку недели, дури и без зголемување на калорискиот внес. Всушност, во некои случаи луѓето може да ја вратат тежината дури и ако внесуваат помалку калории од порано“, вели Мадс Танг-Кристенсен.

Дебелината е повеќе од она што го гледате

Мадс Танг-Кристенсен додава дека од нецелосното разбирање на дебелината се прават штетни и навредливи митови

Тој вели: „Ако сакаме да го решиме проблемот со дебелината кај населението, мора да разбереме дека дебелината е хронична болест што треба да се третира“.

„Затоа не е чесно да велиме дека дебелината е личен неуспех. Вистината е дека за справување со телесната тежина придонесуваат многу фактори, а некои од нив се надвор од нашата свесна контрола. Подигањето на свесноста за сложеноста на проблемот ќе помогне за намалување на стигмата околу вишокот килограми“, заклучува Мадс Танг-Кристенсен.

Референци
  • Qi L & Cho YA. Gene-environment interaction and obesity. Nutr. Rev. 2008; 66(12):684–694.
  • Morris R. Stranger in a strange land: an optimal-environments account of evolutionary mismatch. Synthese 2018; 1-26.
  • Sumithran P & Proietto J. The defence of body weight: a physiological basis for weight regain after weight loss. Clinical Science 2013; 124:231-241.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Тежината на современиот свет: Како влијае нашата средина на нашето здравје
СРЕДИНА   БИОЛОГИЈА   РЕГУЛАЦИЈА НА АПЕТИТОТ | 5 min. read

Тежината на современиот свет: Како влијае нашата средина на нашето здравје

Светот во којшто живееме и храната што ја јадеме драстично се промениле со текот на времето. Но нашата биологија во голема мера останала иста. Тоа може да нè наведе да мислиме дека сме под ризик од гладување и да нè натера да посегнеме по високоенергетска храна, сол, масна храна и шеќер.

Голема дебата: Дали е дебелината навистина болест?
ДЕБЕЛИНА   БИОЛОГИЈА   МИСЛЕЊЕ ОД ЕКСПЕРТ | 6 min. read

Голема дебата: Дали е дебелината навистина болест?

Сè повеќе експерти ја препознаваат дебелината како болест. За некого ова претставува изненадување, а за други олеснување особено за оние што живеат со дебелината.

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
ТРЕТМАНИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА | 2 min. read

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина

Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани коишто функционираат на различни начини.