
Голема дебата: Дали е дебелината навистина болест?
Сè повеќе експерти ја препознаваат дебелината како болест. За некого ова претставува изненадување, а за други олеснување особено за оние што живеат со дебелината.
BMI e 0
Предвидувањето на ризикот е возможно за BMI (индекс на телесна маса)
помеѓу 30 и 50 и возраст помеѓу 19 и 70 години.
Ако имате какви било грижи врзани со телесната тежина или BMI (индекс на
телесна маса), препорачуваме да се обратите кај вашиот лекар за
дополнителни информации и помош.
Ова не е валидирана (потврдена со проверка) алатка за процена на ризикот и не заменува процена од лекар.
Ако имате какви било грижи врзани со телесната тежина или BMI (индекс на телесна маса), препорачуваме да се обратите кај вашиот лекар за дополнителни информации и помош.
Предвидувањата на ризикот се базираат на студија во која се користени евидентирани медицински информации од електронски медицински досиеа на 570 000 жители на Обединетото Кралство во 2021 година. [11]
Врз основа на тоа дали ја одржале својата телесна тежина стабилна или ослабеле во текот на почетниот период од четири години, испитаниците биле поделени во две групи. Потоа, тие се следеле до 15 години за да се утврдат разликите меѓу групите во однос на развојот на 10 состојби врзани со телесната тежина.
Со оглед на информациите што ги наведовте за медицинската историја, може да го видите просечниот ризик за поединци од испитуваната популација што се слични на вас и што одржале стабилна телесна тежина или намалиле во просек 13% од нивната почетна телесна тежина.
Намалувањето на телесната тежина во студијата било поддржано од комбинација на различни мерки (диета, промена на животниот стил, лекови за намалување на телесната тежина или операција).