- Gallup. Gallup Global Emotions 2019.
- American Psychological Association. How stress affects your health: https://www.apa.org/helpcenter/stress [Accessed July 2019].
- Stults-Kolehmainen MA & Sinha R. The Effects of Stress on Physical Activity and Exercise. Sports Medicine 2014; 44:81-121.
- Zellner DA et al. Food selection changes under stress. Physiology and Behavior 2006; 87(5):789-793.
- Valk ES, Savas M & Rossum E. Stress and Obesity: Are There More Susceptible Individuals? Current Obesity Reports 2018; 7:193–203.
- Forman E & Butryn M. Effective Weight Loss: An Acceptance-Based Behavioral Approach - Treatments That Work (Workbook Ed.). New York: Oxford University Press 2016.
- Harvard Mental Health Letter. Why stress causes people to overeat. https://www.health.harvard.edu/staying-healthy/why-stress-causes-people-to-overeat [Accessed July 2019].
Стресот и дебелината: Зошто посегнуваме по вкусна храна
Нормално е да имаме стресови, како одговор на сите предизвици во животот, и многу често ни се случуваат. 35 проценти од луѓето во 142 држави, кои одговориле на глобалната анкета Gallup во 2018 година, рекле дека се под стрес поголем дел од денот. Ваквиот стрес најчесто е краткотраен, како на пример кога нè загрижува ситуација дали ќе стасаме некој краен рок, и тоа може да нè поттикне да преземеме акција.
Но ако сме под стрес подолг временски период, може да ни страда здравјето. Тогаш не спиеме добро и не се движиме многу. Ни се менува и времето на јадење па посегнуваме по повеќе нездрава храна. Сите овие реакции како одговор на стресот, имаат улога во зголемувањето на ризикот да се здебелиме.
„Храната за утеха“ е начин за ослободување од стресот
Стресот е дел од одговорот на нашето тело којшто нè поттикнува на „борба или бегство“, а притоа веќе илјадници години ни помага да преживееме во опасни ситуации. И тоа вообичаено го искусуваме краток временски период. Но имајќи предвид дека луѓето денес се под стрес поголем дел од денот, одговорот на стрес е постојано активиран.
Прочитајте повеќе
Кога се случува ова, нивото на кортизол, кој е еден од главните хормони вклучени во одговорот на стрес, се зголемува. Еден од ефектите на зголеменото ниво на кортизол е зголемувањето на апетитот. Па така, ако сме постојано под стрес, поверојатно е дека ќе јадеме повеќе.
И тоа не која било храна. Испитувањата покажале дека кога сме под стрес нè привлекува високоенергетска храна. Тоа можеби се должи на фактот дека овој тип храна може да ни помогне во ослободувањето од стресот. Поради тоа се нарекува „храна за утеха“.
Според тоа, стресот не нè наведува само да јадеме повеќе, туку и да го смениме типот на храната што сакаме да ја јадеме. Тоа објаснува зошто луѓето што живеат со дебелина имаат склоност кон повисоко ниво на кортизол во однос на луѓето со нормална телесна тежина. Исто така, поради стресот сме изложени на ризик полошо да спиеме, да пиеме повеќе алкохол и помалку да се движиме, а сето тоа го зголемува и ризикот да се здебелиме.
Мерки што може да се преземат за справување со стресот
Што може да преземеме? Постојат голем број различни пристапи што може да ви помогнат да се справите со стресни ситуации или кога сте под стрес. Како водич за справување со стресот и јадењето под стрес, прочитајте го текстот Грижете се за себе: 8 начини за справување со стресот и телесната тежина.