Go to the page content

Чувствата имаат важна улога во справувањето со телесната тежина

Постојат многу причини поради кои качуваме и намалуваме килограми. Понекогаш овие причини зависат од тоа како се чувствуваме. Јадењето за да се чувствуваме подобро најчесто се нарекува емоционално јадење, и тоа е причината зошто понекогаш ни треба психолошка поддршка повеќе отколку совети за исхрана. 

Нашето тело и мозокот се длабоко поврзани. Помислете си само како ви реагира телото во моментот кога сте нервозни. Ви се потат дланките и чувствувате жед. Она што се случува во нашата глава, исто така, може да нè изложи на поголем ризик да се соочиме со здравствени проблеми. Може да станеме поизложени дури и на ризик да се здебелиме.

„Некои луѓе ја користат храната за да се справат со тешките ситуации и да си ги смират чувствата кога ништо друго не им помага. Ова може да функционира краток временски период, но со текот на времето може да прерасне во предизвик само по себе.“

-Forman E & Butryn M. Effective Weight Loss: An Acceptance-Based Behavioral Approach - Treatments That Work.

Не може да се очекува дека кој било од нас може постојано да се чувствува исполнето и среќно. И сите ние наоѓаме различни начини да си ги смириме чувствата. Некои луѓе уживаат во телевизиски серии наместо да спијат. Некои други пак пушат цигари, пијат алкохол, се коцкаат или одат на купување. 

Некои луѓе ја користат храната за да се справат со тешките ситуации и да си ги смират чувствата кога ништо друго не им помага. Ова може да функционира краток временски период, но со текот на времето може да прерасне во предизвик само по себе.

Ова однесување психолозите го нарекуваат емоционално јадење. Сите ние понекогаш го правиме тоа, само некој повеќе од другите. Стресот, депресијата и анксиозноста може да имаат улога. Исто така и големите промени во животот како што се формирање семејство, промена на работата или преселување, па дури и некоја траума од детството може да имаат улога. 

Справување со траума и емоционална болка

Ова навистина ѝ се случило на Вики Муни, која преку храната се справувала додека растела дома со татко кој бил насилен.  На 28 години таа имала 180 килограми. 

„За да се справам со траумата, ќе земев чоколадо. Ќе отидев во мојата соба и иако минував низ тие емоции, чувства и болка, ќе го изедев чоколадото и чувствував мала утеха“, вели таа. 

Емоционалното јадење може да има многу причини. За некои луѓе, како што е Вики, тоа се поврзува со длабока емоционална траума или болка. Но не сите можат да го поврзат емоционалното јадење со точно одреден настан. Кај некои луѓе, тоа може да се јави поради стрес.

Маѓепсаниот круг на емоционалното јадење

Откако еднаш ќе ја стекнете навиката, таа често може да се манифестира. Многу луѓе велат дека емоционалното јадење е исто како која било друга зависност, на пример пушењето. 

Ова може да создаде маѓепсан круг. Почнува со јадење за да се смират емоциите, што дава привремено олеснување. Но потоа чувството на засраменост поради претерување одново го почнува циклусот.

„За да се справам со траумата, ќе земев чоколадо и чувствував мала утеха.“

-Vicki Mooney

Циклусот е поттикнат и од негативните искуства кои се вообичаени за луѓето што живеат со дебелина. Луѓето со дебелина често се чувствуваат отфрлени од општеството, или чувствуваат дека не ја добиваат поддршката што им е потребна од семејството, пријателите или лекарите.

Пронајдете ја поддршката што ви е потребна

Може да е утешно знаењето дека дури и малите промени во начинот на животот и размислувањето може да имаат позитивно влијание на нашата ментална благосостојба. Понекогаш ни треба нечие друго гледиште за да ни помогне да сфатиме какви промени да направиме и како да ги направиме. Тоа може да биде пријател, член на семејството или психолог. 

Sad woman sitting on the coach with a tissue in her hand and a professional making notes

За почеток, може да погледнеме во изворот на нашите негативни емоции. Понекогаш, едноставно откривањето кои се тие може да биде важен прв чекор. Психолог може да ви помогне на овој пат. 

„За среќа, дури и малите промени во начинот на животот и размислувањето може да имаат позитивно влијание на нашата ментална благосостојба.“

-Forman E & Butryn M. Effective Weight Loss: An Acceptance-Based Behavioral Approach - Treatments That Work.

Друг пристап е промена на начинот на којшто одговараме на нашите чувства. Во овој случај, бихевиоралната терапија, којашто ви помага да ги разберете и измените моделите на размислување, јадење и активности, се покажала како ефикасна.

Не сте сигурни каде да побарате помош или кому да се обратите? Одличен почеток е да побарате помош од здравствен работник.

Пресметајте го вашиот BMI (индекс на телесна маса)

cm
ft
in
kg
st
lb

Вашиот BMI:

__

Класификација на вашата телесна тежина:

__

@




A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.
Референци
  • Luppino FS et al. Overweight, Obesity, and Depression. Arch Gen Psychiatry 2010; 67:220–9.
  • Freedhoff Y & Sharma AM. Best Weight – A practical guide to office-based obesity management. Canadian Obesity Network 2010.
  • Forman E & Butryn M. Effective Weight Loss: An Acceptance-Based Behavioral Approach - Treatments That Work (Workbook Ed.). New York: Oxford University Press 2016.
  • Luppino FS et al. Overweight, Obesity, and Depression. Arch Gen Psychiatry 2010; 67:220–229.
  • Smith LH & Holm L. Obesity in a life-course perspective: An exploration of lay explanations of weight gain. Scandinavian Journal of Public Health 2011; 39:396–402.
  • Nguyen-Rodriguez ST, Chou C, Unger JB & Spruijt-Metz D. BMI as a moderator of perceived stress and emotional eating in adolescents. Eating Behaviors 2008; 9:238–246.
  • Rand K et al. It is not the diet; it is the mental part we need help with. A multilevel analysis of psychological, emotional, and social well-being in obesity. International Journal of Qualitative Studies on Health and Well-being 2017; 12:1-14.
  • Gomez-Rubalcava S, Stabbert K & Phelan S. Behavioral Treatment of Obesity. In: Thomas A Wadden & George A Bray (eds.). Handbook of Obesity Treatment. New York: Guilford Press 2018.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Моето искуство со дебелината: Од некој кој јадел за утеха до модел со плус килограми
ЖИВОТ СО ДЕБЕЛИНА   ГРИЖА ЗА СЕБЕ | 5 min. read

Моето искуство со дебелината: Од некој кој јадел за утеха до модел со плус килограми

„Имав 28 години и 180 килограми. Бев мажена и мајка на две прекрасни момчиња. Можев да бидам среќна за многу работи во животот, но бев многу депресивна. Не сакав да зборувам за тоа. Не сакав да признаам дека имам проблем со тежината. Луѓето ме прашуваа: „Како стигна до оваа тежина? Како стигна до 180 килограми?“

Грижете се за себе: Осум начини за справување со стресот и телесната тежина
СОВЕТИ   ПСИХОЛОГИЈА   НАЧИН НА ЖИВОТ | 5 min. read

Грижете се за себе: Осум начини за справување со стресот и телесната тежина

Кога чувствуваме дека сме изгубиле контрола врз работите, природно е да сме под стрес. Во продолжение се наведени некои здрави начини за справување со стресот што може да ви помогнат при смирувањето и одново да си воспоставите контрола.