BMI од 30 и поголем може да значи дека имате дебелина.
Врз основа на вашата етничка припадност, BMI над 25 kg/m2
дополнително го зголемува ризикот од одредени здравствени состојби,
како што се дијабетес тип 2 и коронарна срцева болест.
Телесната тежина природно се зголемува со возраста, што, исто така,
може да го зголеми и ризикот од здравствени компликации врзани со
телесната тежина.*
Доказите покажуваат дека жените кај кои вишокот тежина се складира
во колковите и на задникот може да имаат малку помал ризик од
здравствени компликации врзани со телесната тежина, во однос на мажите.
Препорака
BMI од 30 и поголем може да значи дека имате дебелина и дека сте
изложени на ризик од други компликации врзани со телесната тежина.
Препорачано е да разговарате со вашиот лекар или друг здравствен
работник едуциран за справување дебелината.
Целта при справувањето и третманот на дебелината не е едноставно
намалување на телесната тежина, туку подобрување на здравјето и
намалување на ризикот од други здравствени компликации.
Постојат повеќе различни, научно докажани терапевтски опции за
дебелина што може да се земат предвид кај луѓето од оваа категорија.
Лекарите даваат препораки во зависност од специфичните потреби,
моменталниот здравствен статус и според тоа дали постојат други
компликации врзани со телесната тежина.
Третманот може да вклучува**:
Повеќе информации за терапевтските опции може да дознаете овде.
* Овој BMI-калкулатор не е погоден ако имате помалку од 20 години.
BMI се толкува поинаку кај деца и адолесценти, иако се користи
истата формула за пресметување на BMI како кај возрасни. Ве молиме
консултирајте се со вашиот лекар за информации за BMI ако сте на
возраст под 20 години.
** Изјава за одрекување од одговорност: Овие информации не се
замена за совет од здравствен работник. Ако имате какви било прашања
врзани со вашето здравје, треба да се обратите кај вашиот семеен
лекар или друг здравствен работник.
*** Генерално, баријатрична хирургија се зема предвид кај луѓе со
BMI над 35 кои имаат и компликации врзани со телесната тежина.
Генерално, се зема предвид и кај луѓе со BMI 40 или поголем.