Go to the page content

Последиците од диета: Зголемена телесна тежина, намалена самодоверба

„Чудотворна диета...“, „Намалете ги вишокот килограми додека јадете што и да посакате...“, „Гледајте како се топат вишокот килограми“. Каде и да одиме, нè бомбардираат со информации за едноставни начини за слабеење. Не сфаќајте ме погрешно, диетите даваат резултати, но краткотрајни. За жал, по држење диета, 8 од 10 луѓе ги враќаат изгубените килограми. Но постојат и помалку видливи последици од диетата, оние што се однесуваат на самодовербата.

Јас сум психолог, па затоа сакам да прашувам „зошто“: Зошто и натаму наседнуваме на овие лажни тврдења? Па, се чини дека природно ни доаѓа да го правиме тоа. Ако имаме проблем, сакаме решение. Колку е поголем проблемот, толку побрзо сакаме да дојдеме до решение. Ова е нормално и ние тоа го нарекуваме мотивација за бегство (или „Beam me up Scotty“ за обожавателите на „Ѕвездени патеки“). Сакаме болката да престане. Сакаме решение, лек.

Проблемот е што нашиот пристап кон намалувањето на телесната тежина е дека навистина лесно можеме да ослабеме онолку килограми колку што сакаме. Зар не сте размислувале да ја достигнете саканата телесна тежина или идеалната телесна тежина? Науката вели поинаку. Тежината не е начин на однесување и не може да се контролира преку нашите навики. Апетитот го регулираат сложени хормони и мозочни функции, а телото силно се спротивставува на намалувањето на тежината. Науката за дебелината како медицинска состојба докажа дека за успешно надминување на дебелината треба сосема да го смениме пристапот за кој досега сме слушале во медиумите и сме го применувале.

„Ако имаме проблем, сакаме решение. Колку е поголем проблемот, толку побрзо сакаме да дојдеме до решение. Проблемот е што нашиот пристап кон намалувањето на телесната тежина е дека навистина лесно можеме да ослабеме онолку килограми колку што сакаме.“

-Dr. Michael Vallis

Резултатот од тоа се две непосакувани последици. Прво, луѓето кои имаат вишок килограми и сакаат да ослабат тежат повеќе отколку на почетокот од нивните обиди да ослабат. Тажно, нели? Нашата биологија е причината поради која не можеме да ја намалиме и одржиме телесната тежина. И второ, видовме дека неуспешните обиди при намалувањето на телесната тежина имаат големо негативно психолошко влијание. Кај повеќето луѓе, најзасегната била самодовербата. Отсекогаш се велело дека телесната тежина може да се контролира и дека сè што ви треба се волја да јадете помалку и да се движите повеќе, и дека е тоа толку едноставно. 

Затоа, ако не успеете да ги постигнете очекуваните резултати (сега знаеме дека тоа често се случува, земајќи ги предвид генетиката, биологијата, опкружувањето и начинот на живот), тоа може да го доживеете како неуспех... И ете, повторно ви е нарушена самодовербата. 

„Неуспешните обиди при намалувањето на телесната тежина имаат големо негативно психолошко влијание. Кај повеќето луѓе, најзасегната била самодовербата.“

-Dr. Michael Vallis

Ова измачување мора да престане. Телесната тежина не зависи од нашите навики и од однесувањето, а големината на телото не е грев. Луѓето се разликуваат според формата и големината на телото и бојата на кожата. Една величина не одговара секому! Сметам дека за сите нас, без разлика дали се работи за здравствени работници или обични граѓани, навистина е важно да се прифати разновидноста во формата на телото. Ако може да ја издигнеме дебелината на ниво на здравствена состојба, а не бројка на вагата, навистина може да помогнеме.

Дебелината е последица на прекумерно задржување на масно ткиво (масти) што ги нарушува здравјето, функционирањето и квалитетот на животот. Вашата тежина не ја одредува вашата вредност. Сметам дека концептот „најдобра телесна тежина“ може да биде корисен. Најдобра телесна тежина е тежината што може да ја постигнете и да ја одржите живеејќи здраво и среќно. Ако не можете да ја постигнете, ако не можете да ја одржите, ако треба да направите нешто што не е здраво за да ја постигнете или ве прави несреќни, тогаш тоа НЕ е телесната тежина што е најдобра за вас.  

„Ова измачување мора да престане. Телесната тежина не зависи од нашите навики и од однесувањето, а големината на телото не е грев. Луѓето се разликуваат според формата и големината на телото и бојата на кожата.“

-Dr. Michael Vallis

Замислете свет во којшто не ѝ даваме важност на телесната тежина. Тоа би било подобар свет. Сепак, и понатаму може да зборуваме за важноста на здравата телесна тежина и да бидеме поуспешни да ја постигнеме, поддржувајќи умерено и одржливо намалување на тежината.

Сметам дека е време да се фокусираме на важноста на здравата телесна тежина којашто е најдобра за вас, истовремено фокусирајќи се на важноста на самодовербата. Со оглед на тоа што сме социјални (друштвени) суштества, секогаш ќе ни биде важно што мислат другите за нас. Но за тоа треба да постои граница. Како што се развива нашето општество, имаме можност да ги преиспитаме верувањата што се длабоко навлезени во нашата култура. Веројатно сте многу млади за да се сеќавате, но стандардите за дебелина, особено кај жените, беа поинакви.                    

„Време е да се фокусираме на важноста на здравата телесна тежина којашто е најдобра за вас, истовремено фокусирајќи се на важноста на самодовербата. Како што се развива нашето општество, имаме можност да ги преиспитаме верувањата што се длабоко навлезени во нашата култура.“

-Dr. Michael Vallis

Во 1960-тите години се појавила млада девојка, модел, многу слаба, чие име било Твиги. Пред да се појави таа, најпосакувано женско тело било телото со облини (како на пример на Мерилин Монро). Дали созреавме како општество прифаќајќи ја разновидноста? Сега, повеќе од кога било, може самите да направиме избор и не треба да живееме според стандардите што ни ги наметнуваат другите. Навистина се надевам дека со развивање третмани за дебелината кои даваат поголема поддршка и се темелат на докази, исто така ќе овозможиме да создаваме позитивна перцепција за себе.  

Michael Vallis giving a speech.

„Навистина се надевам дека со развивање третмани за дебелината кои даваат поголема поддршка и се темелат на докази, исто така ќе овозможиме да создаваме позитивна перцепција за себе.“

-Dr. Michael Vallis

Што е самодоверба? Самодоверба е почитта што ја имате за себе. Жал ми е ако ова звучи едноставно. Но на некој начин тоа може да се каже и поедноставно. Самодовербата е односот помеѓу вас и вас. Во својата секојдневна практика често потсетувам дека:                                                

• Самодовербата не може да се заслужи

• Самодовербата не може да се подари

• Самодовербата не може да се позајми

• Самодовербата не може да се преземе

• Самодовербата не може да се купи

• Самодовербата СЕКОГАШ може да се СТЕКНЕ

„Ве охрабрувам да си го почитувате телото и да ги цените достигнувањата што можете да ги постигнете и да ги барате вредноста и достоинството кои ги заслужувате.“

-Dr. Michael Vallis

Ако им помогнеме на луѓето да го променат верувањето во митот дека треба да јадете помалку и да се движите повеќе за да се справите со дебелината, можеби ќе бидеме поуспешни во прифаќањето на разновидноста во формата на телото и почитувањето на другите. Ве охрабрувам да си го почитувате телото и да ги цените достигнувањата што можете да ги постигнете и да ги барате вредноста и достоинството кои ги заслужувате.

Пресметајте го вашиот BMI (индекс на телесна маса)

cm
ft
in
kg
st
lb

Вашиот BMI:

__

Класификација на вашата телесна тежина:

__

@




A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.
Референци
  • Hall KD, Kahan S. Maintenance of Lost Weight and Long-Term Management of Obesity Med Clin N Am 102 (2018) 183–197 https://doi.org/10.1016/j.mcna.2017.08.012
  • Berthoud HR at el. Blaming the Brain for Obesity: Integration of Hedonic and Homeostatic Mechanisms, Gastroenterology 2017;152:1728–1738
  • Hall KD et al. Dynamic Interplay Among Homeostatic, Hedonic, and Cognitive Feedback Circuits Regulating Body Weight. Am J Public Health. 2014; 104:1169–1175.
  • Freedhoff Y; S AM. Best Weight: a Practical Guide to Office-Based Obesity Management. Canadian Obesity Network; 2010.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
ТРЕТМАНИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА | 2 min. read

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина

Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани коишто функционираат на различни начини.

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
ТРЕТМАНИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар

Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.

Соработувајте со вашиот лекар и направете план
СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Соработувајте со вашиот лекар и направете план

Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде. Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.