- Clark PJ. The heritability of certain anthropometric characters as ascertained from measurements of twins. Am J Hum Cenet 1956; 8:49-54.
- Waalen J. The genetics of human obesity. Translational Research 2014; 164(4):293–301.
- Guyenet S. The hungry brain. Outsmarting the instincts that make us overeat. New York: Flatiron 2017.
- Farooqi IS. Genetics of Obesity. In: Thomas A Wadden & George A Bray (eds.). Handbook of Obesity Treatment. New York: Guilford Press 2018; 64-74.
- Guyenet SJ & Schwartz MW. Regulation of Food Intake, Energy Balance, and Body Fat Mass: Implications for the Pathogenesis and Treatment of Obesity. The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism 2012; 97:745–755.
- Morris R. Stranger in a strange land: an optimal-environments account of evolutionary mismatch. Synthese 2018;1-26.
- Qi L. & Cho YA. Gene-environment interaction and obesity; Nutr. Rev. 2008; 66(12):684–694.
- Bell CG, Walley AJ & Proguel P. The genetics of human obesity. Nature Reviews - Genetics 2005; 6:221-234.
- Proietto J. Body Weight Regulation. Essential Knowledge to lose weight and keep it off. Xlibris 2016.
Величината на вашите фармерки? Таа се крие во вашите гени
Некои од првите показатели за врската меѓу гените и дебелината се откриени во 1952 година од група истражувачи од Универзитетот во Мичиген. Тие спровеле студија во која биле вклучени 81 пар близнаци, повеќето од нив биле од локалните средни училишта. На близнаците им биле извршени повеќе мерења, вклучувајќи должина на стапалото, должина на подлактицата, па дури и висина на носот.
Мерењата им овозможиле на научниците да откријат колкава е
веројатноста овие различни особини да се генетски пренесени од
родителите, и тоа се нарекува наследност. Од сите различни особини што
ги измериле научниците, откриле дека особините со највисока стапка на
наследност се телесната тежина и обемот на половината.
Оттогаш се спроведени повеќе слични студии во кои се споредуваат близнаци што не растеле заедно. Еднојајчени близнаци имале слична телесна тежина, без разлика дали растеле заедно или биле разделени од раѓање. Тоа ја покажува моќта на гените наспроти влијанијата од средината за одредување на телесната тежина. Заедно, овие наоди даваат неоспорен доказ дека генетиката има клучна улога во дебелината. Некои докази упатуваат дека генетскиот придонес е меѓу 40 и 70 проценти. Тоа значи дека гените што ги наследувате од вашите родители може да го зголемат ризикот од развој на дебелина.
Како влијаат гените на телесната тежина?
Истражувањата во ова подрачје се во тек. Но знаеме дека гените влијаат:
- Колку храна обично јадеме во текот на еден оброк.
- Како реагираме на чувството на ситост.
- Колкаво задоволство чувствуваме од одреден тип храна.
- Колку енергија ни е потребна за одвивање на основните телесни функции.
- Како и каде се складира вишокот калории во облик на масти во нашето тело.
Сега знаеме дека овие работи помалку зависат од нашиот карактер и начинот на животот, а повеќе од нашите гени.
Нашата средина е променета, но нашите гени не
Но ако е така, зошто пред сто години имало многу малку луѓе со дебелина? Како што вели генетичарот Френсис Колинс: „Генетиката го полни пиштолот, а средината го повлекува чкрапалото“.
Нашите гени не се промениле во последните сто години. Всушност, тие се останати главно непроменети во последните 50 000 години. Она што се менува е нашата средина. И исто како што некои од нас развиваат алергија во одредени средини, некои од нашите гени може да се активираат и да се менуваат во зависност од средината.
Сега живееме во различна средина, со различни типови стрес, храна и технологија. Овие фактори влијаат на нашите гени на нов начин. Дебелината е дел од резултатот.
Некои луѓе се изложени на поголем ризик од развој на дебелина во денешното опкружување поради генетиката
Професор Џозеф Пројето, истражувач и клиничар специјализиран за дебелина, ја објаснува генетската основа на дебелината барајќи од нас да замислиме два сада. Двата сада имаат различна големина: едниот собира пет литри, а другиот педесет. Двата сада стојат на дожд во текот на ноќта, и изутрината двата се полни со вода.
Не е изненадување што поголемиот сад собира повеќе вода од помалиот сад. Професор Џозеф Пројето објаснува дека тоа се должи на фактот дека поголемиот сад е направен да собира повеќе вода. „Со други зборови, потребна ви е вашата генетска основа (како е направен садот) и средината (дождот) за да развиете дебелина“, вели тој.
Пронајдете стратегија за справување со телесната тежина која вам ви одговара
Како можеме да ги употребиме овие информации? Пред сè, не можеме да ги промениме нашите гени. Но нашата индивидуална генетска разлика нè прави повеќе или помалку изложени на ризик од развој на дебелина. Па така, колку повеќе знаеме за нашите гени, толку повеќе информации имаме за да донесеме информирана одлука за справување со телесната тежина. На пример, може да се обидеме да ја минимизираме нашата изложеност на факторите од околината коишто го зголемуваат ризикот од развој на дебелина.
И поради нашата индивидуална генетска основа, може да одговориме различно на различни типови третман. Она што функционира за еден човек, можеби нема да функционира за друг. Затоа секому му е потребен индивидуален пристап во справувањето со телесната тежина.