Go to the page content

Да разговараме за телесната тежина: Време е за поинаков разговор за третман на дебелината

COVID-19 го сврте вниманието на дебелината како здравствен проблем и создаде уште поголема потреба да размислиме како ја гледаме и како ја третираме оваа болест. Иако е направен значителен напредок во поглед на подобро разбирање на науката за регулирање на телесната тежина и развојот на опции за третман на дебелината, сепак разговорот за телесната тежина со здравствен работник и понатаму останува предизвик. Но и во овој дел гледаме позитивни промени и напредок.

„Зошто да ве слушам што ми велите? Зошто воопшто да разговарам со вас?“

И покрај суровоста на ваквите прашања, како психолог кој работи на полето на справување со дебелината, тие воопшто не ми пречат. Всушност, ги сметам за многу поучни.

Голем дел од мојата работа вклучува обука на здравствени работници за справување со дебелината. Не медицинскиот дел од справувањето со дебелината, туку оној што се однесува на грижата и поддршката.

Во тој контекст, зошто горенаведените сурови прашања се поучни? Па, тие откриваат голем проблем кој се однесува на улогата на здравствените работници во справувањето со дебелината, а ако вашата телесна тежина некогаш била споменета за време на преглед кај здравствен работник, веројатно и вие сте си ги поставиле овие прашања (на глас или во себе).

„Лекарите имаат мало влијание во животот на пациентот и веројатно тоа е првото нешто што се игнорира. Советите што ќе ги добиете од стручно лице се во ред, но тие не го контролираат вашето однесување со текот на времето.“

-Dr. Michael Vallis

Секоја приказна има две страни. Лекар/пациент дијалог

Често се случува да држам предавање за справување со телесната тежина во просторија со 30 или 40 лекари. Кога го поставувам прашањето „Зошто вашиот пациент треба да слуша што му велите?“, очекувам да добијам 3 одговори.

Најчест одговор е „Пациентите треба да ме слушаат зашто јас сум експерт“. Во одговарот што го давам ги потсетувам дека тие како лекари имаат мало влијание во животот на пациентот и веројатно тоа е првото нешто што се игнорира.

Замислете дека одите на преглед кај вашиот лекар, се договарате околу планот, потоа одите дома и вашиот партнер е скептичен и ги оспорува препораките на лекарот. Кого ќе задоволите? Партнерот или лекарот? Така е, нели? Потоа, на пример, излегувате со пријателите и тие ве советуваат спротивно од она што сте се договориле со лекарот. Што ќе направите? Ќе го послушате лекарот и ќе останете сами или ќе ги послушате пријателите? Советите што ќе ги добиете од стручно лице се во ред, но тие не го контролираат вашето однесување со текот на времето, и тоа не смее да ги загрози вашите социјални односи и културолошките аспекти на вашиот живот.

People, lifestyle and body positivity concept. Beautiful young brunette female with extra pounds standing by window at home, crossing arms on her chest, having thoughtful pensive look, pondering

„Емоциите се подоминантни во однос на логиката кај луѓето.“

-Dr. Michael Vallis

Сакам наспроти треба

Вториот најчест одговот на ова прашање е „Моите пациенти знаат дека треба да ме слушаат што им велам“. Ова го подигнува проблемот на „тие сакаат“ наспроти „тие треба“. Како луѓе, навистина имаме спротивставени барања. Имаме емоционална страна, која се темели на желби и интереси кои тежнеат во потрага по среќа. Но имаме и логичка страна, која може да ги пресмета ризиците и придобивките. Која страна од овие две е посилна? Што мислите? Емоциите се подоминантни во однос на логиката кај луѓето.

Моќта на внатрешната мотивација

Значи, кој е третиот, најмалку чест одговор? Лекарот вели: „Пациентот има лични и значајни причини да побара совет од мене и да ги следи моите препораки“. Бинго! Најверојатно е луѓето да ги следат советите и препораките што се во согласност со нивните верувања и вредности.

Според тоа, современиот начин на справување со дебелината се темели на поставување прашања, слушање и разбирања на искуствата на човекот. Ова претставува појдовна точка врз чија основа пациентот и лекарот можат да се договараат за различни начини за справување со дебелината

„Современиот начин на справување со дебелината се темели на поставување прашања, слушање и разбирања на искуствата на човекот.“

-Dr. Michael Vallis

Соработка и охрабрување

Ја раскажувам оваа приказна затоа што го илустрира проблемот што го споменав погоре. Односно, дека здравствениот систем е поставен како стручен систем каде што лекарот е експерт, а вие сте неинформирани. 

Ова можеби функционира во итна помош или во операциона сала, но не и кога се во прашање бихејвиорални одлуки кои луѓето секојдневно ги донесуваат. Ние сме одговорни за нашиот живот. Дали имате деца? На која возраст детето првпат ви кажало „Ти не си ми главен“? Токму така. И зошто првите зборови на вашето дете биле „не!“ и „јас можам“, а не „мамо“ и „тато“.

Постои време и место за „поучување и објаснување“ на здравствените и стручните препораки, но тоа не е она што ни треба при справување со дебелината. Справувањето со дебелината бара пристап којшто јас го нарекувам „соработка и охрабрување“.

Weight loss concept. Excited obese woman feeling proud of herself for losing some weight with diet and exercise

„Справувањето со дебелината бара пристап којшто јас го нарекувам соработка и охрабрување.“

-Dr. Michael Vallis

Современ пристап во справувањето со дебелината

Современите пристапи за справување со дебелината го прифаќаат овој начин на „соработка и охрабрување“, и се темелат на почит, грижа и поддршка на личната стручност на луѓето. Замислете лекарот да ви каже: „Вие сте експерт за самите себе, а јас сум стручен за справување со дебелината“. Дали сметате дека заеднички ќе успееме да најдеме решение што вам ќе ви одговара?

Сметам дека е ова единствениот начин на покана за соработка меѓу здравствените работници и пациентите кои живеат со дебелина што ќе доведе до вистинско справување со дебелината. Но, за жал, многу малку здравствени работници се свесни за ова.

Пресметајте го вашиот BMI (индекс на телесна маса)

cm
ft
in
kg
st
lb

Вашиот BMI:

__

Класификација на вашата телесна тежина:

__

@




A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.

ELMM (Јадете помалку, движете се повеќе) ноќна мора

Постојат голем број истражувања кои покажуваат дека здравствените работници покажуваат стигма и предрасуди кон оние што живеат со дебелина. Од друга страна пак луѓето што живеат со дебелина не ги гледаат здравствените работници како извор на поддршка.

Сега доаѓаме до второто прашање што претходно го споменав: „Зошто воопшто да разговарам со вас?“ Па, ако сте почувствувале дека некој ве осудува или сте имале такво искуство со здравствен работник, сакам да знаете дека проблемот не е во вас, туку во мене. За жал, како впрочем и многу други луѓе во општеството, и здравствените работници развија многу едноставен став дека намалувањето на телесната тежина подразбира помалку јадење и повеќе движење.

Сето ова се должи на луѓето и на едноставната равенка за внес и потрошувачка на енергија. Значи, ако сакате да ослабете само јадете помалку и движете се повеќе. Ако не успеете, тогаш нешто не е во ред со вас. Во рамките на здружението Obesity Canada, чиј основач сум јас, ова го нарекуваме „ЕLMM (Eat less, move more) ноќна мора“, каде што ELMM се однесува на „Јадете помалку, движете се повеќе“.

„Јади помалку и движи се повеќе како совет за третман на дебелината е зрел за пензионирање.“

-Dr. Michael Vallis

Телесната тежина не е начин на однесување

„Јади помалку и движи се повеќе“ како совет за третман на дебелината е зрел за пензионирање. Постојат многу докази дека дебелината е медицинска состојба и дека ризикот од дебелина зависи од вашата генетика, апетитот е сложен и вклучува повеќе мозочни системи кои нè штитат од намалување на телесната тежина, а храната подеднакво се поврзува со социјалните и емоционалните прашања, како и со телесната тежина.

Како резултат на тоа, знаеме дека телесната тежина не е начин на однесување и не може директно да се контролира и дека намалувањето на мастите резултира со неврохормонски промени кои го зголемуваат апетитот и ја намалуваат ситоста. Телото се обидува да ја заштити својата зголемена тежина.

Клучниот момент во медицинската стручност

Паднавме во многу длабока дупка. Начинот на размислување „Јади помалку и движи се повеќе“ наметнат од рекламите создаде предрасуди спрема луѓето што живеат со дебелина, предрасуди од страна на здравствените работници и од целото општество, како и предрасуди кон самите себеси кај оние што живеат со дебелина.

Решавањето на оваа ситуација ќе бара здравствените работници да се едуцираат за науката и етиката за справување со дебелината. Во име на мојата професија, сметам дека сега треба да работиме повеќе за повторно да ја стекнеме довербата на луѓето што живеат со дебелина. Зошто тие да ни дадат втора шанса ако ние не докажеме дека сме се промениле?

„Треба да признаеме дека нашите минати мислења за дебелината и нејзиниот третман се погрешни и дека сега дебелината ја разбираме поинаку.“

-Dr. Michael Vallis

Кон подобро справување со дебелината

Ако сте биле жртва на предрасуди поради дебелината, може да ви биде тешко да заборавите. Сакам ова да го нагласам. Ние се однесувавме лошо со вас. Вие ги претрпевте штетните последици.

Не може едноставно да заборавите. Затоа развив наставен модул за здравствените работници под наслов „Големото извинување“. Сметам дека треба да признаеме дека нашите минати мислења за дебелината и нејзиниот третман се погрешни и дека сега дебелината ја разбираме поинаку. Ја преземаме одговорноста за тоа и признаваме дека тоа е штетно за луѓето што живеат со дебелина. Ве замолуваме да размислите повторно да воспоставите однос со вашите здравствени работници, кој се темели на нов систем на меѓусебна доверба и поинакви ставови за дебелината.

Повеќе од еден начин за третман

Бидејќи станува збор за здравствена состојба, исто како и дијабетес тип 2, хипертензија и астма, третманот на дебелината подразбира комбинација од медицинска (доколку е потребна и хируршка) и бихеjвиорална стратегија.

Исто така, за хроничните болести е потребно самосправување и поддршка што треба да го овозможи односот меѓу лекарот и пациентот. Во тој меѓусебен однос со лекарот вие не сте пасивен, а секако не сте ни потчинет учесник. Вие сте рамноправен партнер. Ова го кажувам затоа што сметам дека ако не сте задоволни од грижата што ја добивате, имате право да му го кажете тоа на вашиот здравствен работник, да имате критичко мислење и да се вклучите во конструктивна дискусија.

„Не откажувајте се, сепак има сочувствителни здравствени работници кои сакаат да соработуваат со своите пациенти кои живеат со дебелината!“

-Dr. Michael Vallis

Сите сакаат подобро

Повремено на лекарите им го поставував следново прашање: „Ако вашиот пациент смета дека го осудувате, дека сте рамнодушен и незаинтересиран, дали ќе ве вознемири тоа?

Одговорот што секогаш го добивам е емотивно „Да, тоа секако ќе ме вознемири!“ Тоа ми укажува дека просечните лекари се трудат. Ова е добра вест и се надевам дека ако му објасните: „Кога ми го велите тоа, чувствувам дека ме осудувате“, ќе наидете на покана за соработка.

Ако не сте задоволни од одговорот, тогаш можеби тој здравствен работник не е соодветен за вас. Како и за сè друго во животот, па така и додека се справувате со телесната тежина, можеби ќе треба да појдете кај повеќе лекари пред да го пронајдете вистинскиот, кој ќе биде партнер на вашето здравје.

Но не откажувајте се, сепак има сочувствителни здравствени работници кои сакаат да соработуваат со своите пациенти кои живеат со дебелината.

Референци
  • Vallis M. Are Behavioural Interventions Doomed to Fail? Challenges to Self-Management Support in Chronic Diseases. Can J Diabetes. 2015;39:330–4.
  • Vallis M, Piccinini-Vallis H, Freedhoff Y, Sharma A. A Modified 5 As Minimal Intervention For Obesity Counselling in Primary Care. Can Fam Physician.
  • Vallis M, Lee-Baggley D, Sampalli T, Ryer A, Ryan-Carson S, Kumanan K, et al. Equipping providers with principles, knowledge and skills to successfully integrate behaviour change counselling into practice: a primary healthcare framework. Public Health. 2018 Jan;154:70–8.
  • Vallis M, Lee-Baggley D, Sampalli T, Shepard D, McIssaac L, Ryer A, et al. Integrating behaviour change counselling into chronic disease management: a square peg in a round hole? A system-level exploration in primary health care. Public Health. 2019 Oct;175:43–53.
  • Ryan RM, Deci EL. Self-determination theory and the facilitation of intrinsic motivation, social development, and well-being. Am Psychol. 2000 Jan;55(1):68–78.
  • Forman EM, Butryn ML. A new look at the science of weight control: how acceptance and commitment strategies can address the challenge of self-regulation. Appetite. 2015 Jan;84:171–80.   

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
ТРЕТМАНИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА | 2 min. read

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина

Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани коишто функционираат на различни начини.

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
ТРЕТМАНИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар

Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.

Соработувајте со вашиот лекар и направете план
СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Соработувајте со вашиот лекар и направете план

Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде. Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.