Go to the page content

Голема дебата: Дали е дебелината навистина болест?

Сè повеќе експерти ја препознаваат дебелината како болест. За некого ова претставува изненадување, а за други олеснување особено за оние што живеат со дебелината. Но, зoшто е дебелината болест, а не едноставно само недостиг на волја или начин на живот? Дел од одговорот лежи во фактот дека дебелината е повеќе отколку што се чини. Многу повеќе.

Лондон, 2018 година. На состанокот на кој присуствувале група научници од Кралскиот колеџ на лекари (Royal College of Physicians - RCP) се дискутирало дали дебелинатa треба да биде признаена како болест или не. Д-р Ендрју Годард внимателно слушал. И требало да слуша. Само пред неколку месеци бил избран за 121 претседател на RCP – најмлад во последните 400 години.

За него овој состанок не бил игра на зборови, туку сериозна тема што ќе го промени начинот на којшто луѓето ја гледаат и ја третираат дебелината. На крајот на состанокот гласовите биле обединети – дебелината претставува болест. Хронична, но сепак болест што може да се третира и не зависи само од нашите гени туку и од модерната средина во која живееме. 

„За здравјето на населението важно е да ја отстраниме стигмата врзана за дебелината. Не станува збор за личен избор на начинот на живот, туку за болест предизвикана од здравствени нееднаквости, генетски влијанија и социјални фактори“, вели д-р Ендрју Годард.

Пресметајте го вашиот BMI (индекс на телесна маса)

cm
ft
in
kg
st
lb

Вашиот BMI:

__

Класификација на вашата телесна тежина:

__

@




A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.

Науката за дебелината

Тимот лекари на д-р Ендрју Годард не биле првите што се состанале да дискутираат во врска со дебелината. Насекаде во светот слични експертски работни групи дошле до истиот заклучок кој често предизвикува жестоки дебати во јавноста. Дебелината сè уште се смета за прашање на животниот стил, за тоа колку јадете и колку малку се движите. Колку енергија внесувате и колку енергија трошите. Едноставно, нели? Но според науката, ова не е точно.

За да сфатите зошто, да почнеме со краток експеримент за размислување.

Замислете болест која:

  • Ги доведува луѓето во висок ризик од развој или влошување на други сериозни здравствени состојби како што се кардиоваскуларните болести, дијабетес тип 2, зголемен крвен притисок, висок холестерол, опструктивна апнеја во текот на спиењето, одредени типови рак, анксиозност и депресија.
  • Го менува начинот на кој реагира телото на терапијата. Тоа што порано функционирало, повеќе не функционира.
  • Нашето секојдневно опкружување постојано ја засилува.
  • Влијае на луѓето во текот на целиот живот.

Но луѓето што живеат со оваа болест ретко бараат професионална лекарска помош бидејќи веруваат дека сами може да се справат. 

Зар не сметате дека оваа болест е сериозен медицински проблем?

„Намалување на телесната тежина од само 5% е доволно да се намали ризикот од некои здравствени компликации поврзани со телесната тежина, како што е висок крвен притисок.“

-Warkentin et al. The effect of weight loss on health‐related quality of life: systematic review and meta‐analysis of randomized trials.

Нова надеж за подобро здравје

Оваа болест не е измислена, ниту невидлива. Таа постои и се нарекува дебелина. Луѓето што живеат со дебелината се потсетуваат на тоа секој ден – во јавниот превоз, продавниците за облека, парковите, дури и кога вечераат со луѓето што ги сакаат. Но големината е најмалку важен аспект на дебелината. Важни аспекти се оние што не можете да ги видите.

Добрата вест е тоа што дебелината е болест што може да се третира, а луѓето што живеат со неа сé уште може да ги подобрат своето здравје и својата благосостојба. Всушност, намалување на телесната тежина од само 5% е доволно да се намали ризикот од некои здравствени компликации поврзани со телесната тежина, како што е висок крвен притисок. 

Но справувањето со телесната тежина нема брзи решенија. За да ослабат и да ја одржат телесната тежина, на луѓето со дебелина им треба соодветен тековен третман и грижа. Поради тоа важно е дебелината да се препознае како болест и да се третира со користење на најновите научни достигнувања.

Еден начин на третман не е ист за сите

Иако на многу луѓе дебелината им е заедничка карактеристика, секому му треба индивидуален план за третман. Сите ние имаме различни гени, здравје, животна историја, карактери и опкружување и не сме мотивирани од исти цели. Персонализираниот план за третман веројатно ќе бара комбинација од различни терапевтски опции за да се задоволат потребите на поединецот.

Сè поголем број здравствени работници разбираат што е потребно за да помогнат

Сè повеќе здравствени работници ја препознаваат комплексноста на дебелината и учат како да помогнат. Нивниот сет алатки кои нудат различни терапевтски опции се зголемува и постојано се надградува. Денес во него се вклучени терапии за однесувањето (бихевиористички терапии), замена на оброците и нискоенергетски диети, лекови против дебелина и баријатрична хирургија. Тие, исто така, гледаат многу повеќе отколку само што јадете и колку се движите. Современото справување со дебелината подразбира разбирање на индивидуалните планови на исхрана (како, кога и зошто јадете), како и на плановите за расположение, сон, стрес и физичка активност.

Референци
  • Royal College of Physicians. Obesity should be recognized as a disease. Council Paper 2018.
  • Royal College of Physicians. RCP calls for obesity to be recognized as a disease. RCP London News 2019. https://www.rcplondon.ac.uk/news/rcp-calls-obesity-be-recognised-disease [Accessed June 2019]
  • European Medicines Agency. Draft Guideline on clinical evaluation of medicinal products used in weight control 2014.
  • Food and Drug Administration. Guidance for Industry Developing Products for Weight Management 2007.
  • Heuer CA, McClure KJ & Puhl RM. Obesity Stigma in Online News: A Visual Content Analysis. Journal of Health Communication 2001; 16:976–987.
  • Guh et al. The incidence of co-morbidities related to obesity and overweight: A systematic review and meta-analysis. BMC Public Health 2009; 9:88.
  • Luppino et al. Depression and obesity: A meta-analysis of community-based studies. Arch Gen Psychiatry 2010; 67:220–9.
  • Sumithran P & Proietto J. The defence of body weight: a physiological basis for weight regain after weight loss. Clinical Science 2013; 124:231-241.
  • National Institutes of Health. Clinical Guidelines On The Identification, Evaluation, And Treatment Of Overweight And Obesity In Adults 1988.
  • Rand K et al. It is not the diet; it is the mental part we need help with. A multilevel analysis of psychological, emotional, and social well-being in obesity. International Journal of Qualitative Studies on Health and Well-being 2017; 12:1-14.
  • Yumuk V et al. European Guidelines for Obesity Management in Adults. Obesity Facts 2015; 8:402-424.
  • Warkentin et al. The effect of weight loss on health‐related quality of life: systematic review and meta‐analysis of randomized trials. Obes Rev 2014; 15:169–82.
  • Berthoud H, Münzberg H, & Morrison, CD. Blaming the brain for obesity. Gastroenterology 2017; 152(7):1728-1738.
  • Astrup A. Dietary treatment of overweight and obesity. In: Thomas A. Wadden & George A. Bray (eds.). Handbook of Obesity Treatment. New York: Guilford Press 2018: 309-321.
  • Caterson ID et al. Gaps to bridge: Misalignment between perception, reality and actions in obesity. Diabetes Obes Metab 2019; 21(8): 1914-1924

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
ТРЕТМАНИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар

Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.

Соработувајте со вашиот лекар и направете план
СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Соработувајте со вашиот лекар и направете план

Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде. Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.