Go to the page content

Дебелина: Болест со многу причини којашто може да се контролира

Намалувањето на телесната тежина и нејзиното одржување често се смета за едноставно прашање на „внес на енергија и потрошувачка на енергија“, односно колку јадете и колку се движите. Но науката докажала дека дебелината се јавува од многу причини, a некои од нив се надвор од свесноста и контролата на луѓето што живеат со дебелината. 

„Одам во сала за вежбање, јадам многу мали порции, вежбам јога, но и натаму имам прекумерна телесна тежина. Луѓето ми велат: „јади помалку, движи се повеќе и сè ќе биде во ред“, но навистина не е толку едноставно.

За Вики Муни, мајка на три деца која живее во Шпанија, моментот кога побарала помош од лекар бил пресвртница во нејзиниот живот. Таа сфатила дека дебелината со која се соочува не е само последица на нејзиниот начин на живот туку е и хронична болест која настанала од многу причини.

Секој што поминал, дури и само мал дел од она низ што минала Вики, многу добро знае дека намалувањето на телесната тежина е тешко, а одржувањето на посакуваната телесна тежина потоа е дури уште потешко. Сепак, се чини дека е широко распространето верувањето дека луѓето што живеат со дебелина се самите одговорни за нивната состојба.

„Во развојот на дебелината може да имаат улога генетиката, биологијата, психологијата, нивото на стрес, количината и квалитетот на сонот, лековите што ги користиме, животната средина во којашто живееме и социоекономскиот статус.“

-Wright SM & Aronne LJ. Causes of obesity.

Пресметајте го вашиот BMI (индекс на телесна маса)

cm
ft
in
kg
st
lb

Вашиот BMI:

__

Класификација на вашата телесна тежина:

__

@




A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.

Многу повеќе од правило за внес и потрошувачка

Едноставно кажано, само ако се храниме правилно и вежбаме на правилен начин, не би требало да имаме зголемена телесна тежина. Иако е вистинит овој механизам за внес на енергија и потрошувачка на енергија, тој претставува oгромно поедноставување и ги навредува луѓето што се засегнати од дебелина. Намалувањето на телесната тежина зависи од рамнотежата помеѓу тоа колку енергија внесуваме преку храната и колку енергија искористуваме. Но причините за нарушената рамнотежа помеѓу енергетскиот внес и потрошувачката се сложени и варираат од човек до човек.

Наместо тоа, познатите научници се согласуваат дека луѓето коишто се соочуваат со зголемена телесна тежина можеби всушност живеат со дебелината, која е хронична болест.

Исто како и многу други хронични болести, и дебелината се развива во тек на одреден временски период. Постојат многу причини за тоа, но некои од нив се надвор од нашата свесност и контрола. Може да имаат улога и нашата лична психологија, генетиката, хормоните, нивото на стрес, количината и квалитетот на сонот, лековите што ги користиме и животната средина во којашто живееме. 

За ефикасно да се контролира дебелината, прв чекор е да се утврди кои се причините и како може да се решат некои од пречките затоа што причините и пречките се разликуваат од човек до човек.

Референци
  • Yumuk V et al. European Guidelines for Obesity Management in Adults. Obesity Facts 2015; 8:402-424.
  • Johnson F, Beeken RJ, Croker H et al. Do weight perceptions among obese adults in Great Britain match clinical definitions? Analysis of cross-sectional surveys from 2007 and 2012. British Medical Journal Open 2014; 4: e005561.
  • Kaplan L, Golden A, Jinnett K et al. Perceptions of Barriers to Effective Obesity Care: Results from the National ACTION Study. Obesity. 2018; 26:61–69.
  • Hall KD, Hammond RA, Rahmandad H. Dynamic Interplay Among Homeostatic, Hedonic, and Cognitive Feedback Circuits Regulating Body Weight. American Journal of Public Health 2014; 104:7:1169-117
  • Puhl RM & Heuer CA. Obesity Stigma: Important Considerations for Public Health. American Journal of Public Health. 2010; 100:6:1019-1028.
  • Wright SM & Aronne LJ. Causes of obesity. Abdominal Imaging 2012; 37:730–732.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Голема дебата: Дали е дебелината навистина болест?
ДЕБЕЛИНА   БИОЛОГИЈА   МИСЛЕЊЕ ОД ЕКСПЕРТ | 6 min. read

Голема дебата: Дали е дебелината навистина болест?

Сè повеќе експерти ја препознаваат дебелината како болест. За некого ова претставува изненадување, а за други олеснување особено за оние што живеат со дебелината.

Волја или биологија: Кој управува?
ХОРМОНИ   БИОЛОГИЈА   РЕГУЛАЦИЈА НА АПЕТИТОТ | 4 min. read

Волја или биологија: Кој управува?

За да ослабете ќе треба да јадете помалку и да се движите повеќе. Но многу аспекти од нашиот избор на храна и физичка активност се одредени од сложен биолошки систем што е надвор од нашата волја.

Пресметајте го вашиот BMI
АЛАТКИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   САМОСТОЈНА ПРОЦЕНА | 5 min. read

Пресметајте го вашиот BMI

Индексот на телесна маса (BMI) го претставува односот на висината и тежината, според кој возрасната популација се категоризира во група на потхранети (со недоволна телесна тежина), со прекумерна телесна тежина или со дебелина.